Цената на горивата не се менува

Ако се суди по првата недела во пресметковниот период, веројатно по идниот понеделник нема да има некоја голема промена на малопродажните цени на нафтените деривати. 

Цената на суровата нафта на светските берзи се стабилизираше околу 75 долари за барел, што е само малку над цената врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика, минатиот понеделник на 11 јуни ги определи цените на горивата во малопродажба. По 11 јуни, цената суровата нафта на берзата во Лондон највисоката амплитуда ја имаше на средината од минатата недела кога надмина 76 долари за барел а најниската на почетокот од оваа недела кога се спушти на 73 долари за барел.

Во вакви услови, не се очекува значителна промена на цената, иако не се исклучува благо поскапување во малопродажба. 

Минатиот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените за 1,5 денари по литар. Во моментов ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит