Цементарница Усје повторно загадува - направен е вонреден надзор откако граѓаните се жалеле на непријатна миризба

Од Инспекторат на град Скопје информираат дека до нив во изминатите денови пристигнале повеќе поплаки од граѓани во однос на непријатна миризба и сомневање за нелегално испуштање на отпадни води во Усјанскиот канал.

-Во текот на денешниот ден спроведен е координиран вондреден инспекциски надзор заедно со Државен инспекторат за животна средина и ЈП Водовод и канализација Скопје и се изврши инспекција на атмосферскиот канал кој поминува низ фабриката Титан Цементарница Усје. Констатирано е оштетување на дел од атмосферскиот канал и направен е записник од страна на овластени комунални инспектори, велат од Инспекторатот. 

Правното лице е задолжено да постапи и да ги отстрани недостатоците утврдени при надзорот.

Координираните надзори ќе продолжат и во иднина се со цел решавање на овој долгогодишен проблем на граѓаните кој живеат во тој дел од градот Скопје, велат надлежните.