Целосно завршена улицата „2“ во населеното место Расадник во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека улицата „2“ во населеното место Расадник е целосно завршена.

„Продолжуваме со градежната офанзива и ги реализираме ветувањата. Направив увид во градежните активности на улица 2 во населеното место Расадник која во најбрз можен рок е целосно реконструирана. Ова е улица во должина од 250 метри и површина од 1000 метри квадратни“, истакна Костовски во објавата на Фејсбук.

Тој воедно најави дека во ова населено место наскоро ќе ги реконструираат и улиците: „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“.

„Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес. Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење“, порача градоначалникот во објавата.