Целосно се уредува паркингот на зона „Д-3“ во Аеродром

Денес ЈП „Градски паркинг“ – Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и Општина Аеродром, започна со уредување на целиот паркинг на зона „Д-3“ кај основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром.

Се кастрат дотраените гранки од дрвјата, се чисти паркинг просторот, а наредните денови ќе се бележат и паркинг местата.

-ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со секојдневни редовни активности им овозможува на корисниците на градскиот паркинг попристапно и побезбедно паркирање на своите возила, порачаа надлежните од претпријатието.