Целосно се реконструира паркот „Бановина“ во Горно Лисиче

Целосно се реконструира паркот „Бановина“ во Горно Лисиче, каде што деновиве интензивно се работи на обновување на инфраструктурата, оштетените делови на големата фонтана, детското игралиште, клупите, урбаната опрема, а се заменуваат и поправаат оградите на летниковците, информираат од општина Аеродром. 

-Станува збор за убаво уреден простор во овој дел на Аеродром, кој е многу посетуван од жителите и ќе добие нов сјај во пресрет на летото. Општина Аеродром во наредниот период ќе продолжи да ги уредува сите паркови, со што аеродромци ќе имаат пријатни услови за одмор и рекреација во топлите денови, посочија од локалната самоуправа на општината.