
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека во основното училиште „Ѓорче Петров“ целосно се реконструирани и реновирани ученичките тоалети.
Тој посочи дека тоалетите се со нов и функционален распоред, прилагоден на потребите на сите ученици: 1 тоалет за лица со посебни потреби, 1 трокадеро, 4 женски кабини (2 стандардни и 2 прилагодени за помали деца), 3 машки кабини (2 стандардни и 1 за помали деца), 4 писоари (2 на стандардна висина и 2 пониски за помали деца) и по 3 умивалници во машкиот и женскиот тоалет, како и во тоалетот за лица со посебни потреби.
„Создадени се подобри и похигиенски услови за учениците. Продолжуваме посветено - затоа што грижата за децата значи грижа за иднината“, порача градоначалникот.