Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато

Во текот на изминатиот период  екипите на ЈП Паркови и зеленило по налог на Град Скопје интензивно работеа и хортикултурно ја  уредија  јавната  површина - зелен коридор, на  потегот  на аголот помеѓу улицата Февруарски поход со булевар  Видое Смилевски Бато до булевар Србија. 

Површината од 3.635 квадратни метри претставува нов зелен коридор помеѓу коловозната лента и вело патеката, а 12.517 квадратни метри припаѓаат на широкиот појас до патеките што целосно се реконструирани и асфалтирани.  

Реализацијата на овој потег опфати неколку последователни етапи со што се добива зелена реконструирана и хортикултурно уредена површина од над 16.000 квадратни метри.                                                    
На целата површина поставен е нов систем за наводнување, засадена вегетација и формирани се нови тревници.

Новото  зеленило го сочинуваат листопадни и зимзелени садници. Изборот на видовите е направен за да се добие естетски и функционално уредена површина, која ќе ги задоволи потребите на пешаците, велосипедистите и на учесниците во сообраќајот на овие фреквентни булевари.