Целосно реконструирани големиот и малиот паркинг на улицата Костурска во Скопје Север

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски утрово сподели дека големиот и малиот паркинг на улицата Костурска во Скопје Север се целосно реконструирани.

„Уште едно ветување се реализира! Целосна реконструкција на големиот и малиот паркинг на улица Костурска“, истакна Костовски во објавата на Фејсбук.

Воедно, тој нагласи дека никогаш вака не се работело во Скопје Север.