Целосно реконструирана улица во населба Илинден, асфалтирани 270 метри

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски сподели дека улицата „15“ во населба Илинден е целосно реконструирана.

Покрај асфалтирањето на улицата во должина од 270 метри, изграден е нов тротоар и систем за одведување на атмосферски води.

„Не запираме тука, продолжуваме со активности со сите населени места за унапредување на животниот стандард на нашите граѓани. Жителите на општина Илинден заслужуваат квалитетна и безбедна патна инфраструктура“, истакна Георгиевски во својата објава.