Целосно оштетени неколку маси и клупи на Средно Водно

На социјалната мрежа Твитер се појавија фотографии на кои може да се види ужасен вандалски чин на масите и клупите кои се користат за одмор на Средно Водно. 

Неколку клупи се целосно оштетени, а една од масите е откорната и превртена. 

Повеќе од очигледно е дека не се работи за случајно оштетување поради дотрајаност, туку штетите се настанати намерно, со користење на физичка сила да се откорнат и скршат овие делови од инвентарот.