
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека започнуваат со асфалтирање на шест клучни улици во Визбегово.
Тој информираше дека денес започнале со асфалтирање на кракот на улица Африм Житиа кој е долг 300 метри и кој ќе добие нова асфалтна површина од 1.800 метри квадратни.
„За прв пат оваа улица се асфалтира. Нема повеќе заборавени граѓани. Инвестираме во сите населени места!“, истакна Костовски, додавајќи дека градежната офанзива се одвива со силна динамика.
Тој посочи дека ќе продолжат и во останатите населени места кои што се опфатени со големата градежна офанзива.