На паркинг на булевар „Јане Сандански“ во Скопје,  вчера во 20:22 часот имало опожарено патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки. 

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за возило „Форд Мондео“ сопственост на 20-годишниот Б.А. од Скопје. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.