Целосно изгоре куќа на браќа од кривопаланечко

Браќата Давитковски од селото Дренак, Кривопаланечко останаа без покрив над главата откако вчера напладне пламените јазици буквално го проголтале нивниот дом.

Сопствениците на куќата биле надвор од домот, зафатени со обврски околу добитокот, а кога се вратиле, ја затекле куќата целосно опожарена и останале и без дом и без покуќнина.

Првична помош од душеци, ќебиња, храна и хигиенски средства е обезбедена од страна на Црвениот крст, а дополнителни намирници обезбедила општината.

Пожарникар од истото село им обезбедлил престој во неговата куќа, додека да се реши проблемот.