Целосно изгоре фабрика за сладолед во Визбегово, се слушале експлозии од магацинот

Пожар од големи размери денеска ја зафати индустриската зона кај Визбегово, при што целосно изгоре фабрика за сладолед, објави порталот 4news.mk.

Од магацинот на фабриката се слушаа и експлозии.

Покрај фабриката, во пожарот изгоре и едно комбе кое се наоѓало во близина. На терен се повеќе противпожарни екипи, а локалните власти апелираат за внимателност и повикуваат на дополнителна поддршка.

Огнот брзо се прошири поради силниот ветер, а пожарникарите сега се борат да го спречат да стигне до спортскиот аеродром Стенковец, кој е под сериозна закана бидејќи од сите страни има пожар.