Целосно блокирана главната улица во Шуто Оризари, плин истекувал на бензиска пумпа

На 10.06.2018 година околу 23,50 часот од страна на случаен минувач пријавено е дека на бензинска пумпа на улица „Индира Ганди“ во Скопје имало големо истекување на плин.

Од извршениот разговор со вработените на бензинската пумпа, констатирано е дека додека полнеле кујнска плинска боца виделе дека пукнал сигурносниот вентил кај резервоарот за плин и од него почнало  да истекува плин.

Вработените Г.А.(27) и Ф.Н.(28) кои се обиделе да го затворат вентилот од резервоарот вдишале гас и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување лекарска помош.

Од страна на Противпожарна единица и одговорно лице од  Институт за одржување на бензински пумпи затворен е главниот сигурносен вентил. Сообраќајот на улица „Индира Ганди“  бил блокиран во двата правци од 00,10 до 04,30 часот.