Целосна реконструкција на улицата Антон Попов во Кисела Вода

Викендов заврши целосната реконструкција на улицата Антон Попов во Кисела Вода, која почна минатиот месец.

Улицата Антон Попов изминатиов период беше реконструирана, на потегот од раскрсницата со улицата Павел Шатев до улицата Димо Хаџи Димов, во вкупна должина од 584 метри.

На оваа делница е поставен нов асфалт, а извршено е и нивелирање на 37 постојни шахти и сливници. За реализација на овој капитален проект од буџетот на Град Скопје се издвоени 5,5 милиони денари.

Реконструкцијата на улицата  Антон Попов е дел од инфраструктурните проекти што ги реализира Градот Скопје со цел овозможување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град.