Целосна модернизација на системот за улично осветлување во Ѓорче Петров

Започнува постапката за модернизација на уличното осветлување во Општината. Советот на својата 24 седница донесе одлука со која стартува процесот на комплетна реконструкција и менување на постоечкиот систем за јавно осветлување.

До крајот на годинава преку,  Јавно Приватно Партнерство се очекува да се избере изведувач кој за 6 месеци ќе треба да го модренизира осветлувањето со лед светилки и најсовремена опрема,  а со тоа граѓаните да добијат врвен кавлитет во осветлувањето . Приватниот партнер  ќе менаџира со осветлувањето во наредните 12 години.

Советниците изгласаа и измена на одлука за управување со инсталации, или намалување на цената за подземни прекопи на правни и физички лица од 30-50% за должина над 4 километри.

Локалните народни избраници дадоа и залено сватло за зголемувањена бодот за пресметување на платите на јавните службеници за 2019 година во јавната општинска установа за деца ЈОУДДГ „Росица“ и општинските основни училишта, согласно одлуката на Владата.