Целосна ликвидација, попуст и до 80% - реални попусти или манипулација со потрошувачите

Шопинг треска во овој период од годината го зафати и Скопје.  Крај на зимската сезона и почеток на пролетната.

Гужва турканици, колони возила пред  големите шопинг молови во градот. 

Сите продавници ги нудат своите производи по екстремно ниски цени, а купувачите ги полнат продавниците и трговските центри.

Кога ќе се појави на пазарот некој производ или нови колекција облека, најчесто не можеме да си ја дозволиме заради превисоките цени кои се далеку над нашиот стандард. Затоа и толку се радуваме на оние сезонски попусти.

Сепак  оние потрошувачи кои прошетале  по  дуќаните велат дека цените се виски, а попустите нереални.

Цените се претежно исти, но наидуваме на прецртани стари цени, со големи и црвени бројки пишани навидум пониските, па така понесени од целата гужва, најави и реклами, се мешаме помеѓу толпата и купуваме нешто, макар скапо, макар не ни требало.

Потрошувачите во овој период од годината можат да купат парче производ  по невообичаено  ниска цена, додека кај нас и многу малопродажните маркети од сите дејности  го користат како обичен маркетиншки трик  за да првлечат  повеќе купувачи.

Во шопинг моловите попустите се од 20 па дури до 80 отсто, исто како и во другите метрополи. 

Купувачите секогаш треба да бидат информирани за своите права како потрошувачи да препознаат што е вистински попуст а што не е, што е квалитетен производ а што не е.