Цело лето измина, а „Градски паркинг“ не стави во функција за изнајмување ниту еден електроавтомобил или велосипед

Цело лето измина а Јавното претпријатие „Градски паркинг“ не стави во функција за изнајмување ниту еден електроавтомобил или велосипед, покажува најновиот квартален извештај за месеците јули, август и септември, пишува Фактор.

Тоа значи дека во 2018-та за прв пат во една година не е регистриран приход од понудено, односно изнајмено еко-возило што го го има купено Град Скопје под управа на претходниот градоначалник Коце Трајановски.

Градот Скопје пред повеќе од пет години набави и стави во функција 12 електрични возила за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот на градот, 10 електровелосипеди и 5 електротротинети; Истовремено стотици велосипеди се изнајмуваа на четири локации - катна гаража Св. „Кирил и Методиј“, јавните паркиралиште Градска Општа Болница и Градска Општа Болница „8 Септември“ и јавната површина наменета за паркирање зона Д3 (зад ТЦ Бисер) во Аеродром.

Станува збор за амортизирани и нефункционални возила и реквизити, кои најверојатно се тешки за одржување за ова јавно претпријатие, кое истиот период лани пријави повеќе од 50.000 денари приходи од електромобилите и велосипедите, што знаи дека тогаш, за разлика од оваа година, биле употребувани.