„Цела Зоолошка умре, ќе останат ли само козите и кокошките“ - Јавноста реагира по најновиот смртен случај во ЗОО-Скопје

Во скопската Зоолошка угина Инес, јагуар во длабока старост кој не ја издржа битката со болеста.

Од Скопската зоолошка градина велат дека Инес се борела со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи.

- Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните. Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот животен век на овие величествени мачки во природата е од 12-15 години, додека во зоолошките градини најстарите животни доживуваат до 23 години, појаснуваат за случајот од ЗОО Скопје. 

Јавноста реагира дека пречесто има смртни случаи, и стравуваат дека Зоолошката ќе остане без животни: