Цела улица оштетени возила: Како изгледаше верижниот судир кај Железничка (фото)

Верижен судир се случи претпладнево на улица „Никола Карев“, пред поштата на железничката станица во Скопје. Во несреќата нема повредени лица, меѓутоа причинета е голема материјална штета.

Иако најпрво беше најавено дека во неа учествуале шест, сепак најверојатно со верижниот судир настрадале 8 возила.

Всушност на возачот на автомобилот, кој ја предизвикал сообраќајната несреќа, му се слошило, по што ненадејно го запрел возилото, се обидел да излезе од него, но не ја кренал рачната сопирачка и автомобилот тргнал наназад.

Фото: Репулика