Цела плата за вработените кои се во изолација поради ковид 19

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК на фејсбук страната го објави известувањето на Фондот за здравствено осигурување за регулирање на боледувањето на вработени лица заболени од Ковид 19, како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза.

Во статусот од СОНК стои дека вработените лица кои се во изолација (карантин) заради спречување на зараза бидејќи дошле од ризични земји или биле во контакт со заболено лице но за истите не е потврдено дека се заболени од Ковид 19, избраниот лекар не издава боледување. Осигуреникот е во изолација во домашни услови (карантин), согласно решението од Државниот санитарен и здравствен каде е наведен периодот на самоизолација.