
Сограѓанин на загинатиот Бесим Дурмиши, Умер Муадеми, јавно реагира за случајот со Ива Михајлова, прашувајќи зошто сè уште нема судска пресуда и како било можно таа да ја напушти државата додека била под мерки на претпазливост.
„Ако цела Бугарија стана на нозе за Ива Михајлова како е можно ние воопшто да не сме гласни за Бесим Дурмиши кој беше жртва на Ива Михајлова. Како е можно веке една година да нема пресуда? Како е можно едно детенце да ви избега од Државата додека е под мерки на претпазливост. Како воопшто таа била на слобода а не минимум во куќен притвор?“ - прашува тој преку фејсбук објава.
Целиот случај со бегството на младата Михајлова која е со двојно државјанство предизвика бројни реакции во јавноста.
-За бегството на Ива Михајлова треба да сносите одговорност, правда за Бесим Дурмиши мора да има! Бидејки тој е наш сограѓанин, пишува Муамеди.