
Хаос низ центарот на Куманово во текот на вчерашниот ден. Имено, во локалната фејсбујк група „Кумановска горила“ се споделува фотографија од превртен автомобил на булеварот „Октомвриска“, а многумина кои се нашле во овој дел од градот сведочат за инцидентот кој го предизвикала несовесна возачка.
Како што пренесуваат граѓаните, таа повеќе пати „летала“ со автомобилот низ улиците во центарот на Куманово и за среќа не удрила во никого, со оглед дека во недела е намалена фрекфенцијата на возила и пешаци низ сообраќајниците. Но, на крајот се превртела со возилото.
Споделени се и фотографии по „дивеењето“ на возачката!

Жителите пренесоа дека жената која управувало со возилото кое се превртело не е повредена. Очекуваат строги санкции од надлежните за ова несовесно однесување среде бел ден.

Повеќе инфомрации за инцидентот се очекуваат во текот на денот од полицијата.