Царовска испрати инспекција во градинката во Аеродром

По објавувањето на текстот на „Фокус“, каде се обелодени дека дечиња биле затворани во шкафчиња во градинката „Буба Мара“ во општина Аеродром, Министерството за труд и социјална политика денеска испрати инспекција во градинката да се истражи случајот.

Оваа информација ја потврди министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на нејзиниот Твитер налог.