
Од Царинската управа денеска информираа дека за 778,3 милиони денари или 7,7% е зголемена наплатата на приходи во февруари, период во кој Царинската управа наплатила вкупно 10,8 милијарди денари.
Како што велат од Управата, раст е забележан по сите основи – наплатата на приходи од царина со од 8,9 проценти, од акциза со од 8% и од ДДВ при увоз со 3,9%.
„Ова значи повеќе средства за јавни добра што ќе го поддржат растот на економијата – повеќе средства за здравство, образование, за патна инфраструктура, посочија од Царинската управа.
