Познатото ТВ лице Катерина Цаневска Арсовска сподели објава на својот фејсбук профил во сеќавање на кобниот земјотрес во Скопје во 1963 година, но и сподели неколку зборови за денешната слика на главниот град.
- Тоа кобно јулско утро пред 61 година, Скопје се разбуди под урнатини. Во 5:17, земјотрес со интензитет од 6.1 степени за само 20 секунди, зема 1070 животи, над 200.000 луѓе останаа без покрив над глава. Тоа кобно утро, изгубивме сестри и браќа, родители, роднини, пријатели, соседи, изгубивме домови. Но не и иднината на скопјани поради солидарноста на целиот свет. Иднината можевме и можеме да ја уништиме ние со несовесноста, нечовечноста и алчноста, вели таа во својата објава.
- Скопје под урнатини, Скопје од нашата младост, зелено и чисто, Скопје денеска валкано, со полни и смрдливи контејнери, комарци, без регулиран јавен превоз, бетонизирано, без градска управа која работи во интерес на граѓаните. Скопјани гледаат и знаат да казнат! - порача Цаневска во својата објава.