Бутел вечерва слави јубилеј - Ќе ечи македонска музика на паркиногот кај „Олимпија”

Вечерва и утревечер, на големиот паркинг на спортско-рекреативниот центар „Македонија” кај „Олимпија” бутелчани ќе имаат можност да се забавуваат со најголемите македонски музички изведувачи. Забавата е по повод 20 години општина Бутел. 

Куку Леле, Сузана Спасовска, Влатко Миладиновски, Пајак, Таско, КУД Плетеница, Мелани Тарчуговска, Јована Богдановска, Марија Спасовска и Јанко од Колумбија ќе се погрижат за незаборавна забава вечерва и утре! 

Градоначаникот Дарко Костовски го најави и Врчак со концерт во Бутел! 

- Човекот со кој пораснаа неколку генерации по долга пауза ќе настапи во општина Бутел, најави првиот човек на општината.

- Повелете да уживаме во убава македонска музика, наведува во видео-поканата Костовски.