
Општина Бутел денеска се приклучи на големата еколошка акција на Град Скопје, во која учествуваа ученици, општинската администрација и работници.
Акцијата е насочена кон уредување на јавните површини, отстранување на отпадот и подобрување на животната средина во општината.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, преку објава на Фејсбук порача дека грижата за чиста и уредна општина е заедничка одговорност.
„Не оставај ѓубре, остави пример!“, порача Костовски, додавајќи дека активностите продолжуваат со цел создавање почиста, поуредна и поздрава Општина Бутел.
„Заедно за почист Бутел!“, напиша градоначалникот.