Бутел потона во ѓубре

- Да, ова за жал е нашата Општина Бутел ‼️

Нашата општина е претворена во една голема депонија. Бутел никогаш не бил позагаден, никогаш ни приближно немало волкав број на огромни депонии кои се сигурен извор на разни зарази.
Смилевски и СДС предизборно ветуваа чиста општина и повеќе зеленило, како резултат од нивните ветувања го имаме прикажаното на овие жални фотографии, состојба која и те како е АЛАРМАНТНА ‼️
На фотографиите се прикажани депонии од Радишани, Љуботенски пат, Визбегово, Бутел 1.

Како ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел бараме Општина Бутел и сите надлежни итно да превземе мерки за расчистување на овие веќе опасни депонии. - објави Дарко Костовски на својот Фб-профил.