Бутел остана без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 150мм на ул.Вангел Нечевски бр.25 населба Бутел, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Вангел Нечевски, ул.1550 и дел од корисниците од Качанчки Пат. 

Прекинот е почнат од 08:55 часот и ќе трае до завршување со работните активности.