Бутел наскоро добива ново затворено фудбалско игралиште

Основното училиште „Св. Климент Охридски“ наскоро ќе добие затворено фудбалско игралиште.

-Во завршна фаза е челична конструкција на новиот затворен фудбалски терен со специјална вештачка трева во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“, информира градоначалникот Дарко Костовски.

Костовски преку неговиот профил на Фејсбук информира дека почнале со уредување на теренот и подлогата за поставување на вештачка трева.

Во изминатиот период Општина Бутел инвестираше во изградба на голем број на спортско-рекреативни центри, нови фудбалски игралишта, нови кошаркарски игралишта како и нови детски игралишта.