Бутел ќе добие парк во чест на олимпискиот медал на Дејан Георгиевски

Општина Бутел ќе добие нов парк, во чест на олимпискиот медал на Дејан Георгиевски.

Истиот ќе биде лоциран во населеното место св. Климент Охридски, а ќе го носи името “ Олимписки сон “ .

- Паркот олимписки сон покрај ново место за релаксирање нека биде и мотив за сите млади спортисти од нашата општина дека се е можно, па дури и освојување медал од најелитното спортско натпреварување олимписките игри! Општина Бутел се менува, порача градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.