Бутел ќе ангажира 14 невработени лица за општа корисна работа

14 невработените лица кои се од социјалната и образовната свера од општина Бутел до крајот на учебната година ќе бида вклучени во проектот за општинска корисна работа, за која ќе добиват соодветен надомест. 

Станува збор за проект кој е поддржан од страна на УНДП и од Министерството за труд и социјална политика. 

Во програмата се ангажираат 14 невработени лица во социјалната и образовна сфера, од кои 3 образовни асистенти и 11 лични асистенти, кои ќе се грижат за 14 деца од училишна возраст со посебни потреби, за да им пружат помош во образовниот процес.