
Општина Бутел работи на изградба на три нови детски градинки, со цел зголемување на капацитетите за згрижување на децата од предучилишна возраст.
Како што информира градоначалникот Дарко Костовски, градинките „Бутел 1“ и „Бутел 2“ се наоѓаат во завршна фаза на реализација.
Тој посочува дека се обезбедени и средства за изградба на нова градинка во Визбегово, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади.
„Се грижиме за најмладите во предучилишна возраст, бидејќи тие се нашата иднина“, наведува Костовски.
Од Општина Бутел истакнуваат дека инвестициите во нови градинки имаат за цел да обезбедат подобри услови за згрижување на децата и да одговорат на потребите на семејствата во општината.