Бутел добива нов плоштад и нов парк

Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски“ на местото на разрушениот и пропаднат објект ќе никне нов рекреативен центар со нов плоштад, нов парк и детски содржини.

На 2.000 м2 ќе се протега новиот парк а новиот плоштад на 500 м2. Покрај тоа новиот рекреативен комплекс ќе содржи и ново детско катче за најмладите, нова пешачка патека која ќе го поврзува плоштадот со училиштето, зеленило и ново осветлување.

-За прв пат ќе се изгради и амфитеатар кој ќе можат граѓаните да го користат, но и сите ученици за разни манифестации. Ова е едно големо барање на жителите на населбата Бутел 1 кое наскоро ќе се реализира. Запуштениот, разрушен објект кој ја нарушуваше безбедноста на граѓните ќе замине во историја, најави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.