
Агенцијата за филм ги донесе одлуките за прифатени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година, а на овогодинешната листа се најде и биографски филм кој ќе се снима за македонскиот рап пеач Марко Маринковиќ-Слаткар (познат под сценското име Слаткаристика). Во врска со оваа одлука, на социјалните мрежи се појавија голем број реакции.
Во најголем дел од јавните реакции, граѓани велат дека имало други пеачи кои многу повеќе заслужувале биографска филмска обработка на нивниот живот и творештво.
Помеѓу имињата кои најчесто беа спомнати беа Тоше Проески, Александар Сариевскки, ДНК, Симон Трпчевски итн.
Имаше и такви кои реагираа на периодот кога се снимаат биографски филмови за некој уметник.
Ај да се снима биографски филм за Сариевски или за Тоше ама бре за Слаткар?! Еве не знам баш кои му се достигнувањата шо баш треба да биде филмуван. pic.twitter.com/fOREkluqax
— Wicked Mrchatina (@Mrchatina) May 29, 2026
Министерство на северна република да дава пари за некакво си филмче за слаткар е најголемо срање на културните случувања во оваа пропадната држава која политичарите ја осакатија.
— Echoes (@fleetinglimps) May 29, 2026
За светски имиња се снимаат автобиографски филмови дури кога ќе остарат или кога ќе умрат.
Не дека ја потценувам музиката на Слаткар ама кој курац некого би го интересирало за неговиот живот pic.twitter.com/TG1BVuqFWL— Вентор (@Nagasakiakiaki) May 29, 2026