Бурмата на прстот не е секогаш гаранција за среќа!

Во добро и зло, во здравје и болест, се додека смртта не нѐ раздели. Така велат. Така и треба да биде. А каде е тука љубовта? Тука е некаде, има и траги од неа. Ве предупредуваат дека можеби ќе се случи. Во спротивно тоа е брак од другарство, почитување и заедништво кои се постабилни и подолготрајни од љубовта. Она што си го сакал останало во минатото.

Еуфоријата не трае повеќе од неколку ноќи, а заљубеноста не подолго од неколку години. Еден маж неодамно ми кажа дека биле точно четири години. По тоа, сѐ е исто, па и самиот се запрашав зошто да тежнееш кон тоа да се ожениш со таа која ја сакаш, кога можеш да изградиш другарство со некоја нова. Да ја почитуваш и со неа да ги делиш моментите на радост при заедничко воспитување на децата, заедничкото будење и сигурноста дека нема да остариш сам.

Па така пресметката се сведува на простата потреба човекот да има некој кој ќе му даде чаша вода. Некои тоа го нарекуваат логична потреба за продолжување на презимето, а некои себична одлука да не остареш сам. Тоа е малку кукавичко, затоа што е нешто налик затворање на птица во кафез, тврдејќи дека таа нема крила, но дека секојдневно ќе има услови за живот. Храна и вода, па дури и ќе има поглед кон небото, иако нема да може да го дофати. Некој ќе речи дека тоа е бесмислено, но ако некој еднаш или повеќе пати летал во животот, дали значи дека сега треба да заборави да лета?

Наводно да, затоа што сведоци сме на бракови од почит, со премолчани агонии кои траат со децении, затоа што дури и кога се изневеруваат, тие не се разделуваат баш поради таа почит. Кон што е таа почит? Ако децата и недвижнините, заедно со стравот од осаменост ги прават светите завети на бракот, тогаш е подобро човек никогаш да не се венча.

Големите љубови се сакаат, среќните моменти се помнат, а само тагата ја има во сите три времиња: минато, сегашно и идно. Затоа и сѐ почесто се сеќаваме на се што некогаш нѐ болело. Среќата ја живееме во тој момент, но никогаш доволно не можеме да се присетиме на тоа како ни било кога сме ја чувствувале. Љубовта која го одзема здивот е ретка и често е тешко да се каже судбоносното да или да се размислува за иднината, затоа што големите љубови не се промислуваат. А малите се венчаат и на тој начин компензираат за недостатокот на големи чувства.

Некои од нив го демантираат тоа и секако ниту една теорија не е смислена со намера за генерализација, но исклучоците често го потврдуваат правилото. Тоа има смисла, затоа што порано или подоцна потребно е да се најде баланс со луѓе кои се добри другари, лојални, чести и добри. Тоа се убави карактеристики, убава е таа приказна, но најчесто се користат за да се опишат оние кои не сте стигнале да ги засакате. Или пак можеби сепак сте ги засакале, свесни дека тоа се чувства и карактеристики кои го прават човека пожелен.

Спомените служат како огрев во ладните брачни ножи со некој кој е сето тоа, а сепак не е ништо од тоа.