„Бура“ од реакции на социјалните мрежи зошто АХВ не ги објавува имињата на фирмите кои правеле манипулации со млечните производи

Откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираше дека по спроведени анализи, кај 10 оператори утврдено било дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односно дека во производите има помал процент на млечни масти од декларираното, на социјалните мрежи се појавија голем број реакции.

Граѓаните покрај тоа што реагираат дека биле измамени дека конзумираат „квалитет“, тие исто така реагираат и зошто АХВ не го објавува имињата на овие оператори со храна.