
Бурни реакции на социјалната мрежа “X“ откако Стопанската комора вчера предложи бројот на неработни денови да се намали. Воедно, се предлага празниците што се паѓаат во недела да не се префрлаат како неработен ден во понеделник. Предлогот наиде на спротивставување од Сојузот на синдикатите на Македонија, но и пошироката јавност.
Граѓанската активистка и претседателка на „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева вчера порача „Ако Европа ни е пример за празниците, нека ни биде пример и за платите“.
Твитерџиите со поделени мислиња. Како и секогаш, досетливи, иронични, и на моменти прецизни...
Иако повеќето се на страната на работничката класа, сепак има и такви кои сметаат дека македонските работници се непродуктивни и дека, по примерот, на големите европски економии треба да се работи повеќе денови.
Откако се вработив ги научив значењата на сите празници
— Мрачниот Волшебник (@martian_fx) October 6, 2026
Има вистина во муабетот дека некој не знае што празнува. Ама исто така директорите не може да кажуваат колку празници ќе се слават.
— keeper (@keeper_mk) October 6, 2026
Тетка тоа што го кажуваш се однесува на твојата група на народ.Ние сиротиња ги чекаме тие празници како лебче да земеме душа и одмориме зошто преостанатите денови твојата група душата ни ја вадат по 10+ саати на ворк,а некад и работа плус
— САБАЈЛЕнаНЕМОЧАНО (@nasabajle) October 6, 2026
Па младите бегаат оти не се работи на празници, што се чудите.. нели ќе ги враќаме младите
— Аловиот (@ashchija) October 6, 2026
Во Македонија бунт пошто сакаат да им скратат префрлање на празник. Словенија што веќе 35 години живее со 20 дена одмор без префрлање празници: https://t.co/kxTi8SqwNj
— your local w(b)itch (@inkedhorizonX) October 6, 2026
Госпоѓата погоди право во центар и како држава збирштина од мрзливи неработници, кои на празникот гледаат како уште еден ден од годишен одмор, токму тие први рипнаа да фрлаат со дрва и камења. Ние сме меѓу државите со најголем број празници, зошто?
— Македонски Весник (@vesnikmk) October 6, 2026
@Nagasakiakiaki Чекај, малку се 13 неработни државни празници???
— Karan (@Karan99785268) October 6, 2026
@yarrre За празници не. Помалку има во Македонија од ЕУ. Во Македонија има 11 https://t.co/yxJjiFFqDK
— РОМА (@Roma92377181) October 6, 2026
@Andon_USA Не гледам што е проблемот. Македонците и онака се непродуктивни. Еден куп празници за одење во Грчка не допринесуваат за развивање на економијата.
— Citizen of the World (MK) October 6, 2026
И БОЛНИ И ЗА ПРАЗНИЦИ ЌЕ СЕ РМБА
— Maki-Donec (@SMakidonec) October 6, 2026