Наставникот Гоце Бумбароски кој е и магистер по менаџмет во образованието со став во контекст на случувањата во регионот кои од вчера ја потресоа јавноста.
Неговиот став за децата, родителството и образованието ви го пренесуваме во продолжение во целост:
-Нема лоши деца - има лоши родители...
Во не толку далечното минато, паметам како јас и мојата генерација бевме оценувани и вреднувани по два основи: Оценки и Поведение, т.е. однесување.
За жал, денес сите се фокусирани детето да им биде САМО еден (обичен) одличен ученик.
Поведението — што е тоа!?
…па и од друга страна, не е ни важно, "Само детето да ми помине со сите петки годинава“. Ова, за жал, се зборови кои сум ги слушнал од некои родители.
Вие, драги родители, не ги запознавате со:
- Етика,
- Почит (во вистинска смисла на зборот),
- Натпреварување и победување со квалитет (а не со „снаоѓање и фаќање врски“),
- Љубов,
- Емпатија...
Вашите деца се одраз на вас, почитувани родители.