Бугарските скијачки центри викендов беа полни со Македонци

Во текот на изминатите деноноќија на граничниот премин Деве Баир влегле околу пет илјади граѓани во Македонија.

Времето на задржување на возилата на граничниот премин беше помалку од половина час, колку што е потребно за проверка на документите.

Според информациите од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток, зголемениот број возила е поради тоа што завршува зимскиот распуст за учениците и најголем дел од граѓаните се враќаат од зимските туристички центри Банско, Боровец и Три буки. 

.