Бугарските медиуми за Драгана Спасовска - скопјанката која го живее арапскиот сон

Драгана Спасовдска е 26-годишна девојка од Скопје која веќе две години живее во Дубаи. Бугарските медиуми ја пренесуваат приказната на девојката од Скопје која на одмор во Дубаи го запозна човекот на својот живот и денес го живее арапскиот сон.

Таа вели дека луѓето многу често ја поврзуваат со нелегалнит работи и сметаат дека тоа што таа го прави е неморнално, но за неа нема ништо чудно во тоа да има повозрасен маж кој има многу богатство.

„На 26 години бев на дестинации на кои што никогаш немаше да ги видам. Мојот партнер има добра компанија во која јас сум бизнис партнер и имам бизнис виза за престој таму. Не би сакала повеќе да коментирам за неговиот живот.“  - вели Драгана Спасовска.

За себе вели дека е амбициозна и храбра. Нејзина животна желба е да работи во Холивуд. Во Дубаи познава многу влијателни луѓе. Целата сторија на бугарската телевизија може да ја погледнете тука.