Бугарски лекари одат на часови по карате за да се бранат од пациенти

Поради се почестите напади од страна на незадоволни и нервозни пациенти врз медицински персонал, студентите на Медицинскиот факултет во Софија, соседна Бугарија започнале со обука за самоодбрана и заштита од напади.

Обуката била задолжителна во програмата на медицинските факултети од почетокот на оваа учебна година, со цел да можат да одговорат на се позголемената агресија која се случувала врз белите мантили во Бугарија. Истата вклучувала теорија и психологија на самоодбраната, како и пракса, односно се изучувале бојни спортови како карате и бокс.