Бугарија ќе испрати заштитни скафандери за Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека ќе испрати стотина скафандери за, како што вели „нашите браќа од Северна Македонија“.

„Многу е лесно да велиш браќа сме, но браќа сме се гледа кога ти е тешко. Кога ти умираат луѓе. Тогаш тогаш треба да се дејствува. Наредив уште денес да бидат испратени стотина заштитни скафандери за лекарите во Македонија, кои се на првата линија", изјавил Борисов.

Како што пренесува БГНЕС, бугарскиот премиер кажал дека во моментов во светот нема лек за коронавирусот, но нема ниту заболен кој што не е лекуван.

„Ние обезбедивме препарати кои помогаат и во другите држави“, изјавил Борисов.