Бугарија ги обвини Македонците на Пирин: Се однесувале неодговорно, испровоцирале две лавини

Во изјавата за бугарското радио Фокус Емил Нешев, директорот на Планинската служба за спасување на Бугарскиот црвен крст вели дека однесувањето на спасените македонски туристи било многу неодговорно.

- „Овие акции немаат вредност, тука не може да се зборува за финансии“, рече Нешев и додаде дека ризиците кои се закануваат се навистина големи.

Христо Григоров, претседателот на Црвениот крст на Бугарија во изјава за радио Фокус вели дека во овој случај биле нарушени сите правила на нормално однесување на еден турист.

- „Тие ја напуштија пистата под врвот Тодорка и влегле во доловите на Дамјаница и испровоцирале две ноќни лавини. Спасувачите под голем ризик успеале да ги спасат”, изјави Григоров.