Буџетот на Општина Аеродром достапен на веб страната на општината

На последната седница на Советот на Општина Аеродром беше изгласан Буџетот за следната година во износ од 1.048.169.000 денари, односно околу 17 милиони евра.

Од општината информираат дека наредната година буџетот ќе биде насочен кон заштита на животната средина и подобрување на условите за образование и грижа за младите, односно на проекти како што се нови објекти за две градинки, обнова на подови, надомест од 3.000 денари за секое прваче и еднократен паричен надомест за талентирани спортисти.

Предвидени се и директни мерки за борба против загадувањето, меѓу кои и прочистувачи на воздух за сите градинки, мапирање на загадувањето во Општината, и реализација на пилот проекти.

Буџетот за 2018 година е изработен и во симплифицирана форма и е достапен за јавноста на официјалната веб-страница на Општина Аеродром.