Буџетот на Град Скопје блокиран, нема пари ниту за фудбалот, ниту за социјалните случаи

Буџетот на Град Скопје е блокиран, а тоа значи ветените средства нема да се реализираат. Фудбалскиот клуб Вардар нема да ја добијат ветената финансиска поддршка во висина од 15 милиони денари од градот, а ќе нема субвенции ниту за социјално ранливите категории на граѓани во екот на енергетската криза. 

-Нестручните и несериозните амандмани подесени од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го блокира градскиот буџет за што потврда добивме и од Министерството за финансии кои не' известија дека буџетот не може да се вчита токму поради овие причини. Лицемерието и деструктивноста на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има само една и единствена цел, а тоа е блокирање на Градот Скопје. Тоа сега се потврдува и благодарение на овие нестручни амандмани ниту ФК Вардар ќе ја добие финансиската помош која што ја очекува, ниту граѓаните ќе ги добијат субвенциите кои требаше да бидат поддршка поради енергетската криза која што следува, ниту скопјани нови садници во ек на сезоната на садење...потврди вчера на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска.