Будистички закони кои ќе ви го променат животот

Според будистичкото учење постојат три важни закони за среќен и исполнет живот.

Тие имаат за цел да ви помогнат да си го подобрите животот на подобро. Едноставни се, но често ги забораваме и игнорираме, решавајќи да живееме брзо и бесцелно. 

Животот подразбира и падови

Кога некоја ситуација не оди како што посакуваме, ние велиме дека сме се соочиле со неуспех и очајуваме поради тоа. Но вистината е дека не може секој наш потег да биде успешен. Ситуациите се дел од нашето учење, тие доаѓаат и заминуваат и не остануваат засекогаш со нас. Тие се дел од животниот циклус. Нормално е понекогаш да се појават турбуленции и предизвици бидејќи ние сме живи битија. Пробајте да ја прифатите несовршеноста на нашите животи како нешто што е такво, неменливо и не се трудете да бидете совршени, бидејќи совршенството не постои.

Животот постојано се менува

Тој е циклус  кој носи различни моменти кои не носат од едно место на друго, со различни искуства и луѓе околу нас. Нашето тело се менува постојано, нашите мисли се разликуваат од еден момент во друг, а така и со нашите чувства. Секој ден, секоја секунда и минута се различни. Ова е важна лекција бидејќи кога се чувствуваме вознемирени заради нешто, фактот дека сè се менува постојано, може многу да нè утеши. Грчкиот филозоф Хераклит тоа го изразил со следните зборови: Не можете два пати да влегувате на ист начин во иста река. Тој е во право бидејќи она што го имаме е само сегашниот момент.

Ние постојано се менуваме низ нашите искуства

Нашата личност се создава низ нашите искуства, а така се менуваме и ние. Мораме да прифатиме дека тоа е дел од животот и така треба да биде -  така растеме, учиме, се созреваме и така старееме. Наместо да пробувате да се пронајдете себеси, пробајте да се создадете себеси. Сепак, нашата сила лежи во фактот дека утре можеме да се чувствуваме целосно различни од вчера.