Буда: Четири пријатели кои ни се потребни во животот

Од неискрените и злобните пријатели треба да се плашиме повеќе од дивите ѕверови, бидејќи ѕверовите ќе го ранат вашето тело, но злобните пријатели, вашиот ум, вели Буда.

Другарствата ги градиме низ животот, па така некои луѓе се со нас од самото раѓање, а со некои од нив стануваме добри пријатели подоцна во животот. Сепак, точно е дека во зрелите години, вистинските пријатели можат да се избројат на прстите од една рака.

Според Буда, во животот треба да имаме четири видови пријатели, а секој од нив може да ни донесе големи лекции.

Помошник – ова се луѓето кои се секогаш тука за нас кога ни се потребни. Тие не бараат ништо за возврат,а нивните совети се искрени и од срце. Ова се луѓето кои ни го посакуваат најдоброто и сакаат да нè видат среќни и успешни.

Траен пријател – ова се пријатели кои ги знаеме од деца и на кои можеме да им ги довериме сите свои тајни. Тие се меѓу ретките на кои целосно можеме да им ја отвориме душата. Ваквите луѓе нема да нè напуштат никогаш.

Ментор – ова се луѓе од кои учиме. Тие ни укажуваат на грешките и ни посочуваат дека некогаш правиме погрешни избори. Но, тие не се тука да нè осудуваат, туку да нè потсетат дека животот е исполнет со животни лекции кои најчесто доаѓаат низ погрешните одлуки и непромислените чекори. Покрај овие луѓе не се плашиме да грешиме и да бидеме свои.

Сочувствителен пријател – кои се тука за нас во сите тешки моменти и кои можат да ги прочитаат нашите чувства на нашето лице, дури и да не кажеме ништо. Пред нив, можеме да се смееме или да плачеме, а тие ќе се смеат и ќе плачат со нас. Овие луѓе никогаш нема да ни свртат грб.